Многу медиуми ,,заборавија” да ви соопштат дека новите законски измени, изгласани вчера, со оглед дека државните капацитети се при крај, кај и да е – ќе им ги полнат џебовите на Орце и на Жан од касата на Фонд за здравство.
Венко Филипче, кој со мека цензура главната вест ја крие под небитната вест од типот ,,20 евра казна за неносење маска”, ,,заборави” да соопшти по која цена ќе се лежи во приватни болници, со оглед дека болнички ден не се наплаќа исто во државно здравство и во приватно – каде е отприлика 1.500 евра по ден.
Делот од законските измени ,,по исклучок…” ќе се случи за месец дена.
СДСМ допрва ќе си сноси консеквенци од гласачкото тело од овие ,,воено-профитерски” дилови со оние под истраги, место да гради правна и социјално-праведна држава.
А, ако после ова, СДСМ, уште се поистоветува со СКМ чиј наследник е, а ние го гласаме традиционално, нека си го искине слободно Статутот.
Има работи кои сечиј желудник може да ги свари, има работи кои не може.