Избравме одличен напиток кој ќе го зајакне вашиот имунитет.
СОСТОЈКИ:
6 лимони
1 чешне лук
2 лажички ѓумбир во прав
2 лажици мед
3 шолји сок од ананас
1/4 лажичка чили во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Прво што треба да направите е да го исцедете лимонот. Сокот ставете го во блендер и додадете ги останатите состојки.Добро измешајте додека не добиете изедначена смеса.
Мешавината препорачано е да се чува во стаклена тегла во фрижидер. Од напитокот консумирајте еднаш дневно.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту пак лекарствата препишани од доктор. Они служат само како додатоци во исхраната и превенција. Исто така, многу е битно да не ги употребувате намирниците доколку сте преосетливи на некој од нив.