По повод празникот Св. Трифун и Св. Валентин, македонското друштво Pirok Mk Club-Ch организира голема македонска забава во Швајцарија. Забавата и овојпат ќе се одржи во Halle des Fetes, Payerne, а е предвидена богата музичка програма за сите вкусови.
Ќе настапат незаменливите Анета и група Молика, едни од најомилените кај помладата публика, извонредните ДВА БОНА, а за забавата да биде уште поатрактивна дел од оваа вечер ќе биде и Џамбо Агушев со неговиот оркестар. После 23 часот е предвидена забава со Ди џеј Гурумикс и Ди џеј Тренд.
Се разбира дека и овојпат, друштвото “Пирок” најавува и богата лотарија, а главна добивка ќе биде автомобил.
Влезот ќе чини 20 франци за возрасни лица, а за деца до 13 години, истиот е бесплатен.