Купувањето онлајн го кошташе многу на еден Германец кој сонувал да стане сопственик на електричен автомобил „Тесла“, но поради ИТ-грешка во програмата на порталот на производителот, тој порачал дури 27 возила „Тесла Модел 3“ наместо еден.
Кога конечно го избра семејниот автомобил Тесла, поради грешка во програмата, клиентот добиваше порака секој пат дека купувањето не е направено, и така 27 пати, па наместо 52.000 евра за едно парче тој го потврди набавката на 27 парчиња во вкупна цена од 1,4 милиони евра.
Да биде уште поголем малер, несреќниот Германец не можеше да ја откаже нарачката затоа што во тој случај ќе мораше да плати 2600 евра.
За среќа, вработените во Тесла покажале разбирање, изјавил синот на клиентот на социјалната мрежа Редит.
Се испостави дека другите клиенти исто така доживеале непријатности тој ден, па откупени се останатите 26 автомобили кои германецот ги порачал по грешка, пишува порталот Оуест од Франција.