Францускиот министер за образование Жан-Мишел Бланкер изјави дека 22 училишта во земјата се затворени поради случаи на „ковид-19“.”Во континентална Франција, 12 училишта во моментов се затворени од вкупно над 60.000, што е мала бројка. Со 10 училишта на островот Реунион, има вкупно 22″, изјави Бланкер за Радио Европа 1.
Кога повеќе од 12 милиони ученици се вратија во училиштата во вторникот, некои здруѓенија на родители и наставници изразија загриженост за плановите за повторно отворање на училниците поради ширењето на вирусот.
Министерството за здравство по втор пат во рок од два дена забележа повеќе од 7.000 нови инфекции во изминатите 24 часа, во споредба со рекордните 7.578 забележани на 31 март, како и зголемување на хоспитализациите.
По карантинот, кој траел од средината на март до средината на мај, Франција постепено ги отвори сите училишта во последната недела пред летните одмори, бидејќи властите беа загрижени за заостанатата настава.
Франција е една од најтешко погодените земји во Европа со коронавирус, со повеќе од 30 000 жртви.