Компанијата на Илон Маск се движи со брзина на светлината. Акциите на Tesla стануваат повредни – американската компанија според берзанската вредност надмина сто милијарди долари, што е повеќе од Volkswagen!
Веста не е изненадувачка имајќи во предвид дека веќе со години Tesla расте – се менуваат само бројките колку вреди и името на оној со кој таа споредува.
Ако не сте знаеле, Tesla лани имаше рекордна продажба од 367.500 возила која е поголема отколку во 2018 и 2017 година за за триесет пати помала од онаа на Volkswagen. Германската групација вреди 99,4 милијарди долари, а Tesla во еден момент кога на берзата беше постигната највисоката цена на тргување со нејзините акции достигна дури 107,2 милијарди.
Но работите брзо се менуваат па дури и во овој момент може Tesla да има нов рекод и да вреди повеќе. Ако се сеќавате во јуни 2019 година акциите на Tesla беа на најниско ниво, дури три пати помала и компанијата вредеше само 32 милијарди долари. Но како што гледате вредноста на Tesla расте се повеќе а Елон Маск поседува околу 22 отсто од компанијата.