200-те македонските граѓани кои синоќа беа заглавени на унгаско -српската граница веќе се двиат кон Македонија со организиран превоз. Тие се очекуваат да влезат во државата преку граничниот премин Деве Баир. Тие работеле во ризичните региони во Италија, а дел во Австрија. Сите патници ќе бидат сместени во касарната во Пепелиште во групна изолација, соопшти министерот Венко Филипче.
„Тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, каде ќе имаат лекарски тим, ќе им биде направена проверка, ќе биде обезбедена храна и се што е потребно, изјави Венко Филипче.
Во Македонија има вкупно 26 заболени од коронавирусот. Ова утро се тестирани уште десет пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, за кој ИЈЗ направи контролни тестови, кои ја потврдија дијагнозата. Од вкупно 26 заболени, 17 се од Скопје, другите се од Дебар. Состојбата на сите пациенти е стабилна
Еден пациент од новодијагнистицираните доаѓа од Скопје. Тој имал симптоми цела недела а во момнтот се мапираат неговите контактите. Тој пред некое време имал гости од Србија кои се заболени, а во моментот се прават контактите со тие луѓе и ќе ги известиме и здравствените власти во Србија. Семејството сопружници престојувале во Бугарија до пред неколку дена, имале сипмтоми и отишле да се тестираат во приватната болница Жан Митрев исто така. – додаде министерот за здравство Венко Филипче.
„Сопружниците се на домашно лекување, попладне ќе бидат однесени на Инфективната клиникак, првиот пациент е веќе хоспитализиран. Патувале во Бугарија биле на домашно лекување, тоа се податоци на епидемиолозите и саминицијативно правеле тестови во приватната болница. Биле изолирани. Се работи на лоцирање на контактите на членовите на семејство на првиот пациент од вчера и тоа се тие 6 тестови од кои ги чекаме резултатите“, изјави Филипче.
За патничката која е дошла од Холадија, а беше регистрирана вчера, Венко Филпче информира дека интервуата со патниците се прават, а исто така е контактирана и Австриската амбасада.
За тоа како ќе се одвива епидемијата во Македонија, според Филипче вели дека не може да се предвиди, но според него бројот ќе продолжи да се зголемува.
„Тешко е да се предвиди пикот, можно е според мои проценки, но не ме држете за збор, бројот на заболени да досигне до 2000, а пикот да биде за еден месец од сега“ изјави Филипче.
Исто така Филипче потенцира дека Инфективна клиника е подготвена да прими уште пациенти, првиот спрат уште не е целосно исполнет. Вториот спрат е подготвен да прими нови случаи, но ако дојде до повеќе пациенти секаде во клиничкиот центар може да се стават респиратори.
Филипче исто така изјави дека контактирале со Кинеската амбасада и дека наскоро ќе имаат инфомации за донацијата со маски, респиратори и друг медицински материјал.
Минстерот разговарал со градоначалникот на Скопје Шилегов во кој двајцата се договориле да се зголеми бројот на градските автобуси поради динамиката на патници за да не патуваат по поголеми група.
Епидемија е во силен ек, секоја епидемија има врв, односно пик. Очекувано е да бројот на заболени с е зголемува. Затоа е најважно да се спречи локалната трасмисија за да застанеме на патот на ширењето.
Филипче моќна порака до граѓаните:
„Не се собирајте, останете дома, ограничете го движењето, не контактирајте со луѓето, држете дистанца, одржувајте лична хигиена миење на рацете 20 до 30 секунди. Сериозно да пристапиме, ова не е шега,. Единствен начин е да се однесуваме одговорно. Мерките ќе ги заоструваме. Нека седат дома децата, хроничните болни. Мора да го заштитиме нашиот здравстен систем заразата се шири и таму, важно е да немаме остар пик. Подготвени сме со опрема кадар. Скаме да ги заштитиме и здравстените работници, тие се столбот на овој здравствениот систем тие се главните даватели на услуги“, рече Филипче.
Тој нагласи дека во Центар Жупа во моментов нема нови случаи ниту пак граѓани со симптоми, но тоа се места каде што се прави поинтензивен скрининг да се види на колкава бројка ќе се прави анализа на контактите.
„Ниту еден од тие што се во изолација нема симптоми, потоа на крај ќе бидат сите тестирани“, рече Филипче.
Тој нагласи дека има доволно маски над 20 000 и дека ќе се набават уште повеќе. Зборуваме и со домашните производители за средства за дезинфекција ќе има во секое време, рече Филипче.