Редок прототип на Nintendo PlayStation е продаден на аукција за 360.000 долари. Верувале или не, Sony требаше да соработува со Nintendo и да им изработи читат на CD во новата конзола. Нинтенто Плејстејшн е конзола резултат на кратката соработка меѓу компаниите Сони и Нинтендо во 1992 година. Откако го објавија својата заедничка конзола, Nintendo следниот ден се повлече. И знаете се како ќе заврши – Sony ќе стане крал на конзолите а Nintendo, многу години ќе се мачи да ги достигне.
Сопственикот на оваа ретка конзола ја купил во 2009 година за само 75 долари. Дизајнот е многу сличен на Супер Нинтендо, а има и опција и за подигнување игри од ЦД-а.
Конзолата ја купил извесен Грег МекЛемор, кој вели дека планира да направи музеј за видео игри, кој ќе содржи над 800 слот машини и безброј други мали игри, магазини и оригинални уметнички дела.