Сопругата го искарала и му рекла дека не е нормален, но на крајот и се допаднала идејата – маж од Хрватска си направил базен во камионот, бидејќи периодов нема работа со него.
Балканците некогаш навистина се истакнуваат по своите изуми кои на никој друг не може да му паднат на памет.
Иван Вукоје (31) вообичаено разнесува камен со камионот, но летово работата е намалена, па дошол до генијална идеја – камионот да го претвори во базен.
Со неговиот татко имаат 9 камиони и возат разна роба, а еден од нив е наменет исклучиво за развезување камења. Летово нема работа за него, па наместо да стои паркиран залудно, Иван му нашол „чаре“.
Неговата сопруга долго време посакувала базен во двор, а тој од приколката од камионот направил голем базен. Тој вели дека кога ја слушнала идејата не ѝ се допаднала и му рекла дека не е нормален, но потоа попуштила.
Се собрал со неколку пријатели, ја исчистил приколката, ја обложил со градежни фолии и го средил со сите потребни материјали за да биде безбеден за капење, а дури и има филтер за прочистување.
Сега семејството и пријателите уживаат во неговиот базен, за кој мислењата се поделени.
Би се бањале ли во базен во камион?
извор : црнобело