Словенија ќе ја прилагоди апликацијата за следење на контакти на заразени со коронавирус, што веќе се користи во Германија, рече денеска министерот за јавна администрација Боштијан Коритник.
Апликацијата, која заразените, оние во изолација и сите други ќе можат да ја инсталираат на своите мобилни телефони доброволно, ќе се заснова на германската технологија со отворен извор и адаптација што ќе ја чини државата помалку од 40.000 евра, рече Коритник на прес-конференција во Љубљан , додавајќи дека се очекува да започне во употреба многу скоро.
Денес, таквата апликација се користи во десет земји од Европската унија, а во Германија ја користат повеќе од 15 милиони луѓе. Не дозволува откривање на геолокацијата, не работи врз основа на GPS, но со технологија на Блутут, не овозможува чување и обработка на податоци и ја штити приватноста и човековите права, според словенечката влада.
Портпаролот на словенечката влада за „Ковид-19“, Јелко Кацин изјави дека апликацијата ќе биде од голема корист за словенечките епидемиолози при откривање контакти со пациенти, ќе биде интероперативна со слични апликации во други земји.
Словенечките медиуми наведуваат дека словенечката адаптација ќе се развива многу брзо во соработка со Националниот институт за јавно здравје и домашните експерти.
Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителна карантин на оние што доаѓаат од „црвените” зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа”, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Северна Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.
До денеска, одредбите за задолжителна карантин им беа издавани на само на четири премини.
– Одредбите за карантин ќе ги предаде граничната полиција, откако ќе бидат автоматски, во електронска форма, издадени од Министерството за здравство, а постапката ќе трае од 5 до 7 минути, рече Хојс.
Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.