Овие брзи стапчиња од рерна ќе го збогатат вашата трпеза оваа недела. Ова е вкусен ручек или пак прилог. Еве како да подготвите тиквички на грчки начин од рерна.
Потребни состојки:
- 2 тиквички
- 3 лажици брашно
- 2 јајца
- 150 гр. презла
- 50 гр. пармезан
- 3-4 лажици маслоново масло
- вегета, сол и бибер
Начин на подготовка:
Најпрво што треба да направите е да се измијат и излупат тиквичките. Исечете ги парчиња и оставете ги да се исушат. Земете го брашното и внатре ставете ги тиквичките. Потресете ја убаво кесата, за да може брашното убаво да се залепи.
Изматете две јајца, и ставете презла во чинија заедно со вегета, сол и бибер. Извалкајте ги тиквичките во оваа смеса. Во плех за ставете хартија за печење, и наредете ги тиквичките. Ставете маслиново масло и паремазан врз секоја тиквичка и печете ги на 170 степени околу 30 минути.
Бон Апетит!