Двајца млади момчиња од Швајцарија, на возраст од 18 и 24 години се уапсени во градот Winterthur, близу Zürich, во северна Швајцарија, во врска со џихадистичкиот напад во Виена еден ден претходно, соопшти полицијата.
-Полициската истрага идентификуваше швајцарски државјани, 18-годишник и 24-годишник. Двајцата беа уапсени во Winterthur во вторникот попладне од единица за специјални работи во соработка со австриските власти-соопшти полицијата на кантон Zürich.
„Евентуалната врска меѓу двајцата приведени и главниот осомничен за нападите во моментов ја испитуваат надлежните органи“, додава полицијата.
Швајцарските власти не наведоа која е причината за апсењето на двете млади момчиња.
„Главната задача е да се утврди дали тие биле вклучени во нападот“, соопшти полицијата во Zürich, која тесно соработува со швајцарската федерална и австриската полиција.