Десетици илјади Англичани не ги почитуваа владините упатства и наспроти нивните барања се упатиле на плажите на Борнмут и другите делови на брегот на Дорсет, јавуваат британските медиуми.
Локалните власти велат дека биле принудени итно да одговорат на широкиот спектар на проблеми што се појавиле, од пренатрупаност на плажите, застој во сообраќајот и насилство, така што тимовите за собирање отпад требало да бидат заштитени со обезбедување.
„Многу луѓе избраа да бидат не само неодговорни, туку и опасни. Направивме таков напредок во борбата против оваа пандемија – не би сакал да видам Борнмут да стане местото од кое започна вториот бран“, изјави парламентарецот Тобиас Елвуд, претставник на Борнмут за Гардијан.
извор: mkd.mk