Бурхан Фазлиу е жител на Куманово и е роден во овој град во 1984 година. Дури и по 36 години, нема македонско државјанство.
Тој објаснува дека неговите родители се преселиле во Куманово од Србија во 1960 година во времето на Југославија. Неговите родители, браќа и сестри имаат државјанство, само тој не.
Бурхан за АЛСАТ истакна дека ги доставувал документите во полиција неколку пати, но не добил одговор. Тој додава дека во 2001 година, наместо да му одговараат на барањето за државјанството, од МВР го известиле дека ги изгубиле документите и го замолиле повторно да ги достави.
Тој наведува дека има сведителствата од училиштето „Бајрам Шабани“, извод од матична книга на родени, матичен број, имотните листови на куќата и земјиштето, но и судски документи дека не е осуден или дека не е државјанин на Србија. Но, вели дека во МВР бараат документи што не можат да ги обезбедат.
Ми бараат документи што не можам да ги поседувам. Дојдени се од Србија во Македонија, но во Македонија се веќе 60 години, моите родители се и македонски државјани, тука се и моите браќа, сестри, целото семејство, само јас немам државјанство.
Имам лекарска книшка, имам училишни свидетелства, го имам изводот на матична книга, ги имам сите документи со кои располага Македонија, додека во Србија немаме ништо, освен тоа што родителите се родени во Србија“-изјави Бурхан Фазлиу, граѓанин.
Бурхан вели дека без документи е блокиран и ограничен во неговиот приватен живот. За случајот на Бурхан прашавме и во МВР. Од полицијата ни соопштија дека Бурхан е роден во Куманово, но нема потекло од Македонија.
Лицето Бурхан Фазлиевиќ роден на 5 јануари 1984 година во Куманово, не е по потекло државјанин на Република Северна Македонија и до сега не доставил барање за да стане државјанин на Република Северна Македонија.
Доколку сака да добие државјанство, треба лично да поднесете барање до Секторот за правни работи во Куманово“- кажаа од МВР
Од МВР исто така соопштува дека во моментот имаат 2439 барања од граѓани кои сакаат да добијат државјанство на Република Северна Македонија.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на Алсат М