Можете да ги консумирате и во форма на здрав природен пијалок, но и како додаток на лимонада.
Сезоната на јагоди е сè уште во тек, па искористете ја можноста да уживате во нивниот неодолив вкус, но и корисни својства затоа што се богати со антиоксиданти и витамин Ц. Може да ги консумирате и како здрав природен пијалок, како додаток на лимонадата.
Потребно е: 8-10 свежи јагоди, сок од еден лимон, шеќер и вода. Измијте ги јагодите, ставете ги во блендер со шеќер и измиксајте ги. Потоа додадете сок од лимон и вода (количина според ваш вкус). Покрај јагоди, можете да подготвите лимонада со друго овошје, свежи боровинки или праски, но и со краставици или нане.
Одржувајте здрава исхрана, зошто здраво тело може да ги победи дури и најстрашните инфекции.