На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија.
Според германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволија да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни.
На проторот за одмор во Хохфелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има на Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти).
РКИ наведува дека од средината јуни, по пртвото отворање на границите, забележан е раст на лица кои се зар азиле со новиот коронавирус додека престојувале во странство.
Пред „затворањето“ во средината на март, уделот на увезени случаи, според РКИ, изнесувал 46 проценти, а по затворањето на границите истиот се намалил на 0,4 отсто. По отворањето на границите, уделот на „увезени“ случаи повторно се искачи на 31 процент.
На прво место на листата од 15 држави, се наоѓа Косово, од каде 1.096 лица го „донеле“ вирусот во Германија. На второ место е Турција со 501 случај, а потоа Хрватска со 260.
На четврто место е Србија со 196 случаи, Бугарија – 166, БиХ – 156, Романија со 113, Полска – 112, Шпанија – 107, Македонија – 92, Албанија – 86, Холандија – 50, Австрија – 44 и Франција и Украина со по 43 сличаи.
Германските власти не знаат зошто е висока бројката на инфицирани повратници од Косово, но претпоставуваат дека тоа е поради тоа што голем број муслимани од Германија отпатувале во земјата на потекло за празникот Бајрам.
Од 8 август е во сила задолжителното тестирање на лицата кои се враќаат во Германија од ризичните региони, како и двонеделен карантин.