Пицата е омилено јадење на речиси секое домаќинство веќе повеќе од сто години. Но, кога омиленото јадење се комбинира со омиленото холивудско лице Џенифер Анистон – тоа значи добитна комбинација. Не е тајна дека актерката е одлична гурманка, а тоа го потврдува и нејзиниот рецепт за грчка пица.
– Оваа здрава верзија на италијанскиот специјалитет е одлична за мајките кои сакаат да ги „измамат“ своите деца да јадат нешто здраво, но и за возрасни кои го имаат истиот проблем – признала актерката која, судејќи по нејзината завидна фигура, навистина знае за што зборува.
Состојки:
тесто за пица (можете да направите свое или да купите готово)
сос од домати моцарела сирење, 2 сецкани пиперки, 2 лажички маслиново масло, половина сецкан кромид, 2 руколи, 1 грст црни маслинки, 1 парче лук, 1 лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Тестото распоредете го на сад за печење. Премачкајте го со маслиново масло, а потоа сос од домати. Истурете кромид, рукола, сирење, црни маслинки, пиперки и лук. Осигурете се дека рерната се загрева пред да ја ставите пицата во неа. За да може тестото да биде готово, мора да се пече најмалку 15 минути. На крај, додадете ги и парчињата лимон (но тоа е ваш избор).