На денешната пресконференција, на министерот за здравство Венко Филипче му беше поставено прашањето дали е понудена помош од Куба, со нивни експерти и лекот Интерферон Алфа.
Министерот Филипче умешно го избегна прашањето велејќи дека секоја помош е добредојдена, убаво е да се разменат мислења и да се научи нешто ново. Во тој момент тој незнаеше како во Куба се справуваат со ситуацијата, и дали може да се извлече некое знаење. Министерот Филипче додаде дека и нашите лекари имаат веќе стекнато искуство, и дека лекови имаме на залиха потенцирајќи на лекот интерферон. Овој лек не се дава на секого додаде Филипче.
Но, како што забележавте тој успешно го “избегна” прашањето. Да државата Куба е политички далеку од нашите сојузници, но сепак одбивање на било каква помош е многу лошо за нашата држава. Исто така треба да се напомни дека Куба произведува поразличен интеферон што се користи кај некои заболувања кај нас. Станува збор за interferon alpha 2b, кој Руските и Кинеските лекари го препорачуваат како терапија за COVID-19.
Видеото од ова прашање може да го погледнете долу.