Позитивни на коронавирус се две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои претпладнево влегле на граничниот премин Табановце враќајќи се од Германија. Децата веднаш се префрлени во адаптираната болница за ковид-пациенти во Козле, објавија македонските медиуми.
Мајката и таткото на дечињата, се негативни.
Како што напишавме вчера детската болница во Козле од денеска функционира како ковид-центар. Ќе прима и возрасни и деца. Според протоколот има 60 легла за возрасни пациенти и 15 за деца сомнителни или заразени со вирусот. Предвидено е таму да се хоспитализираат пациенти со полесна и средна клиничка слика.