Откако се отворија рестораните и кафаните, угостителите и гостите се однесуваат како да воопшто немало пандемија.
Пазарните инспектори се крајно разочарани од она што вчера го виделе на терен. Според нив голем дел од угостителите не ги почитувале мерките за заштита и се однесувале недолично, а дури се качувале на маси и играле. Гостите дури биле дрски со инспекторите. Тие велеле дека да ги едуцират, па да го напуштат локалот. Од страна на инспекторатот се најавени засилени контроли и казнувања. Тие уште еднаш рекоа дека угостителите се тие кои треба да ги легитимираат гостите и да утврдат дали се од исто семејство.
Но, угостителите пак излегоа со различно видување од инспекторатот. Според нив, денот поминал релативно мирен, без големи гужви и со некои мали неправилности. Голем дел од угостителите за жал не отвориле, затоа што дел се уште се во подготовки, а некои од нив немаат летни тераси. Исто така, тие посочија дека немаат овластувања да бараат лични карти од гостите.
После два месеци неработење на кафаните и ресторантите, тие од вчера ги отворија вратите за гостите. Според протоколот изготвен од министерството за здравство, на една маса може да седат најмногу четворица од едно семејство, а ако не се од исто семејство, може да седат само по двајца, во локалите се уште е забренето жива музика. Исто така, масите треба да се имаат одредено растојание, а персоналот и гостите да носат заштитна опрема (маски и ракавици) и постојано да се врши дезинфекција.
Со ваков ум, за две недели ќе станеме Италија. Господ нека ни е на помош.