Пред се, се планира меѓу следните астронаути да има и жена, а летот е планиран за 2024-та година.
НАСА очекува дека на овој конкурс ќе најде погодни кандидати за идни астронаути. Конкурсот е отворен од 2-ри до 30-ти март.
Кои услови треба да ги исполнуваат кандидатите?
Бидејќи станува збор за американска вселенска агенција, првиот услов е да бидете државјанин на САД. Секако, и оној што има двојно државјанство може да аплицира.
Друг важен услов е да имате академска кариера. Од апликантите се очекува да имаат магистерски студии по природни науки или математика, што вклучува инженеринг, биолошки науки, физика и компјутерски науки. Исто така може да аплицираат и лекари, како и оние што имаат лиценца за пилот. Сепак, самото образование не е доволно – потребни се две години професионално искуство или минимум 1.000 часа летање како главен пилот во авион.
– По пополнувањето на апликацијата преку интернет, кандидатите што ќе поминат во следниот круг, исто така, ќе мора да поминат и физички преглед. Доколку сте избрани, тогаш следуваат две години обука и процена. Во овој период, кандидатите ќе поминат низ воена обука за опстанок, ќе учат за роботиката, но и совладување на рускиот јазик. Оние што нема да ја завршат обуката успешно, ќе бидат распоредени на други позиции во рамките на НАСА – посочуваат од агенцијата.
Досега имало 239 астронаути на Меѓународната вселенска станица – од кои само 151 се државјани на САД.
Ако поради некоја причина не сте соодветен кандидат, не очајувајте. Постојат и други начини да се оди во вселената. И ако парите не ви претставуваат проблем, „Вирџинија галакси“ наскоро ќе стане првата приватна компанија што ќе ги однесе туристите во вселената.