Со нивното размазано однесување и бес ги излудуваат своите партнери!
Врската со размазана личносит и не е така лесна. Дури и ако со години сте заедно и мислите дека го познавате партнерот до срж, тешко е да чекорите во животот со личност која постојано сака да доминира, ве контролира, периодично менува однесување и лесно избувнува. Без разлика дали се пронајдовте вие или пак вашиот партнер, обидете се да ги надмините овие недостатоци заедно, како вашата врска би траела подолго.
Рак
Станува збор за доста емотивен хороскопски знак кој знае бурно да реагира доколку забележи дека не го добива потребното внимание. Тие можат да страдаат се додека не се изморат, а потоа да започнат да го оддалечуваат партнерот од себе. Поради оваа карактерна црта, раковите се опишуваат како личности со ниска самодоверба.
Шкорпија
Овој знак знае да се повреди кога некој не го третира како што заслужува и сака. Можеби станува огорчен , но не сака да објасни на што се должи тоа незадоволство. Така ги истакнува своите фрустрации кон својот партнер. Доколку партнерот направи нешто што шкорпијата не го толерира и сака, таа лесно може да ја прекине врската и тоа без да ја сослуша другата страна. Обично овој знак бара од својот партнер нешта за кои и самиот не е спремен да ги исполни.
Овен
Тоа е импулсивен знак, кој знае да ги каже најлошите карактеристики и навики на својот партнер, за што подоцна чувствува вина. Знаат да бидат тврдоглави, а кога не е по нивно многу лесно може да се налутат и замерат. Доста се чувствителни и слаби кон своите чувства со што забораваат на чувствата на партнерот и општо на луѓето околу нив.