Како што се наведува, образовниот систем не е подготвен за да се продолжи со далечинско учење бидејќи онлајн наставата ги извади сите проблеми на површина.
Имено народниот правобранител до министерот за образование Адеми достави мислење во кое се наведува дека наставници кои не се снаоѓаат добро со компјутерските алатки и ученици кои немаат техничка можност да бидат дел од ваквото учење се проблем којшто не може да се занемари.
Нема ниту Национална платформа, ниту пак унифициран систем за онлајн настава и институциите покажаа неподготвеност, наведува Правобранителот во дописот.
Имајќи во предвид дека учењето од дома можеби ќе мора да биде актуелно уште некое време, истото ќе остане да биде предизвик за родителите коишто не се во можност да обезбедат техничи предуслови за децата, а многу од родителите и не можат да им помогнат во совладување на содржините од наставата.
За помалку од две недели, на 10 август Комисијата за заразни болести ќе донесе конечна одлука за моделот на настава кој ќе се применува во новата учебна година.
Прашањето над сите прашања за учениците е, како ќе изгледаат часовите во училиштата оваа есен, особено ако се влоши ситуацијата со коронавирусот.
Малку време остана до почетокот на учебната година, иако ни се чини како штотуку да заврши минатата, секако како последица од сите предизвици во образованието кои ги донесе пандемијата. Сепак се’ уште неизвесен е стартот на новата учебна година.
Образовните инстутуции ширум светот се обидуваат да изнајдат решенија и соодветни модели за безбеден старт на новата учебна година. Во зависност од тоа како се движат бројките на новозаразени со корона, секоја земја на различен начин ќе одлучува за образовните модели кои ќе се применуваат.
Кај нас, вчера се одржа првиот состанок по тоа прашање но, без министерот Арбер Адеми, кој во моментов е се’ уште во изолација, бидејќи е позитивен на коронавирусот.
Учениците ќе се вратат во училишните клупи. Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември.
Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, за ТВ 21.
Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа.
Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана.
Моделите нема да важат за целата држава. Ќе се дефинираат според општини и според стапката на заразеност од Ковид-19. Ова значи дека ако во една општина има мал број позитивни случаи на коронавирус и училишта со мал број ученици, тогаш наставата ќе се одржува во училиштата.
Се изготвуваат протоколи и за средношколците, за патувања од еден во друг град и за сместување во интернати. Сите детали ќе бидат дефинирани в петок на состанокот меѓу претставниците на МОН и членовите на Комисијата за заразни болести.
Сите одлуки ќе бидат донесени пред 15 август пред наставниците да се вратат од годишен одмор. Меѓу наставниците кружи информација – во школските клупи да се вратат и основците од прво до четврто одделение, а учениците од петто до деветто наставата да ја следат онлајн. Но, Наумовска овие наводи ги нарече шпекулации.
извор: galama.club