Швајцарски Сион е во необична ситуација. приказна за себе. Претседателот на клубот, Кристијан Константин, кој е доста познат во швајцарската јавност по контроверзии, се најде во проблеми затоа што непланираното работење може негативно да се одрази за клубот.
Поради коронавирусот се запре швајцарскиот шампионат како и поголем дел од првенствата во Европа. А Кристијан Константин беше убеден дека ќе биде означен крај на првенството и нема да продолжи. Толку беше убеден, па сакајќи да заштеди пари реши да отпушти дури девет фудбалери.
Но, откако ситуацијата на коронавирусот во Швајцарија се потсмири, првенството е одлучено да продолжи. Во моментов фудбалскиот тим Сион е во тешка ситуација. Во моментот тие немаат доволно фудбалери, а се наоѓаат веднаш над опасната зона.
Претседателот на клубот, Кристијан Контантин се обидуваше да дејствува врз раководството Суперлигата да не се продолжи, но неговите обиди беа неуспешни. Па сега, тој ги моли фудбалерите кои ги избрка да се вратат. Од 9 фудбалери, само 4-ца прифатија, а останатите одбија.
Што ке прави Сион, се уште не се знае. На крај Кристијан дозна дека кармата навистина е кучка.