Покрај неизвесноста околу завршувањето на индивидуалните фудбалски првенства во Европа, сеуште како да се доигра завршницата во Лигата на шампионите и Лига Европа. Во моментов УЕФА е критикувана за одложената одлука за одложување на меѓународните клупски натпревари.
Во Лигата на шампионите веќе се одиграа четири реванш дуели од осминафиналето, а другите четири дуели чекаат нови датуми. Од УЕФА се очекува да одлучи за овие прашања и за Европското првенство овој вторник. Една од опциите е полуфиналињата и финалињата да се играат во рок од три до четири дена на еден исти стадион. Финалето е закажано за Истанбул на 30 мај, но може да се одложи доколку е потребно.
Во јавноста струјат шпекулации дека двете полуфиналиња да се играат во Истанбул – без реванш натпревари. Но, УЕФА прво треба да почека да се одржат 1/8-финалните дуели, а потоа да го одржи и 1/4-финалето.
Интересно е дали Европското првенство ќе се одложи за догодина, а тоа ќе го дознаеме во вторник.