Ескортот открива колку пари ја платил за ноќната забава.
Скандалот околу фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, кој организираше оргија во неговиот стан за време на пандемија тана коронавирус, е се уште актуелна.
Имено, Вокер повикал свој близок пријател и две ескорт девојки во станот во карантин, а следниот ден тој сподели лекции со на своите следбеници на социјалните мрежи дека е важно да се остане дома затоа што коронавирусот ја прогонува Англија.
Овој потег предизвика гнев кај една од ескорт девојките, која одлучи да ја сподели приказната со британските медиуми. 21-годишната Луис Мекнамара изјави дека присуствувала на оваа куќна забава со неименуван Бразилец.
„Не знаев дека е фудбалер, ми рече мојота колешка. Пристигнавме кај него околу 10:30 часот, а заминавме дома во 2 часот по полноќ. И на крајот на краиштата можам да кажам дека тој е само еден голем лицемер. Кани непознати жени во неговиот дом за да го задоволат, а од друга страна, тој ги учи луѓето како треба да се однесуваат деновиве “, изјави таа, додавајќи дека тој им платил околу 2.500 евра во готово за нивните услуги.
Вокер се извини на јавноста веднаш штом се откри скандалот во таблоидите, а Манчестер Сити излезе со соопштение.
„Разочарани сме од обвиненијата на сметката на Кајл, но мора да го истакнеме и неговиот брз одговор до јавноста со неговото извинување. Ќе спроведеме внатрешна истрага во наредните неколку дена и ќе преземеме соодветна дисциплинска постапка“.
Минатата година Кајл беше тема на британските таблоиди во кој се пишуваше дека Вокер раскинал со Ени Килнер, девојка кое беше со него девет години и жена која ги роди неговите тројца синови. Причината е што фудбалерот ја изневерувал својата партнерка со манекенката Лорин Гудман, која останала бремена.