Тимот на Ferrari во местото Реџо Емилија, пред многу гости и фанови на марката, го претстави болидот со кој се надева дека конечно ќе го прекине шампионскиот пост
На презентацијата присуствувале сите најважни луѓе на Ferrari, при што зборувале Луис Камилери, тимскиот шеф Матија Биното и двајцата возачи Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк.
Покрај тоа, на претставувањето компанијата ги повеле и „луѓето од сенка“ односно над 350 работници кои континуирано работат на подобрување на болидот и кои биле клучни во нивниот тим долги години наназад.